Инспекторите на терен: Затворени 14 угостителски објекти во Тетово, Охрид и Струмица

од Берта Китинска
437 прегледи

Инпсекциските служби во периодот од 12 до 18 мај годинава извршиле вкупно 2 895 вонредни инспекциски надзори за почитување на сите препораки и мерки за спречување на ширење на корона вирусот. Државниот пазарен инспекторат во овој период затворил вкупно 14 угостителски објекти, изјави на денешната прес-конференцијапретседателка на Инспекциски совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Инспекторите од државниот пазарен инспекторат имаат реализирано 1 566 надзори.

– Постапувано е во голем број на трговски објекти на големо и мало, во кои спаѓаат и угоситетслки објекти, апетеки, бензиски станици, банки, пошти и слично. Државниот пазарен инспекторат во овој период затвори вкупно 14 угостителски објекти, од кои 12 во Тетово, еден во Охрид и еден во Струмица. Утврдени се и пет прекршувања, од кои еден за непочитување на уредба од страна на банка, а останатите за не носење на лична опрема и почитување на замрзнатите цени, изајви Филиповска Грашкоска.

Таа нагласи дека најголемиот дел од деловните субјекти ги почитуваат одлуките на Владата.

Државниот инспекторат за труд реализирал вкупно 682 надзори, кај работодавачи по планиран распоред или пријава на граѓани, при што донесени се 15 решенија и дополнително уште 42 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораки на Влада.

– Постапувајќи по препорака за платено отсуство на родител на дете до десет години, самохран родител, бремени жени или хронично болни лица трудовиот инспекторат констатрира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките, изјави Филиповска Грашкоска.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела вкупно 195 вонредни, при што се изречени 12 решенија за неспроведување на контрола на штетници и заштита од нив, за лоши хигиенски услови и дополнително уште осум казнени мерки и едукации за непримена на заштитини мерки.

Државниот инспекторат за транспорт направил 114 надзори и констатирано е дека се почитува одлуката за 50 проценти намален капацитет на патничкиот меѓуградски сообраќај, а товарниот сообраќај се одвива без ограничувања и се почитуваат препораките.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил вкупно 286 надзори врз јавни и приватни здравствени установи, домови за стари лица и други правни субјекти во нивна надлежност.

– Агенцијата за лекови и медицински помагала Малмед изрши вкупно 52 контроли и констатира дека нема специфични отстапувања, изјави Филиповска Грашкоска.

Таа апелираше да се почитуваат мерките и препораките од владата за спречување на ширење на корона вирусот, нагласувајќи дека целта не е казнување, туку детектирање прекршувањата и укажување како да се надминат и со тоа да се придонесе за колективното здравје.

Слични содржини