Инспекторот кој прими поткуп од 200 евра, заработи кривична пријава

од Nikola Popovski
409 прегледи

Инспекторот на Државниот инспекторат за животна средина, за кого вчера беше објавено дека примил поткуп, заработи кривична пријава.

Според информациите, тој вчера бил приведен бидејќи примил 200 евра од сопственик на автоплац во Кичево, што не работел во согласност со прописите.

Станува збор за 51-годишен инспектор од Тетово, со иницијали А.Р.. Покрај него, поднесена е уште една кривична пријава против  С.А.(40) од тетовското село Фалише поради помагање.

„Земал поткуп од 200 евра, пари кои претходно биле обележани од полицијата, а при апсењето кај него биле пронајдени околу 4.000 евра“, соопштија од МВР.

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека апсењето е доказ за решеноста да се пресметаат со корупцијата и да ја вратат довербата во институциите.

Слични содржини