Инспекциски надзор во нова нелегална гинеколошка ординација: Докторка која работела во болница, примала пациенти и дома

од Nikola Popovski
356 прегледи

Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат вчера извршиле вонреден инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомневање дека е нелегална гинеколошка ординација. Според информациите станува збор за докторка која работела во струшката болница, но пациенти примала и дома.

Надзорот е се уште во тек, а ја потврди и директорката на инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова.

Ова е втор инспекциски надзор на ДЗСИ во Струга  во неполн месец. Инспекторите во домот на директорот на струшката болница, Мухамед Асани во јануари открија нелегална гинеколошка ординација, за што Државниот здравствен инспекторат поднесе пријава  до Обвинителството со изјави на пациентки кои тврделе дека докторот ги прегледувал во  домшната ординација.

Слични содржини