Инспирацијата на Гуевара во краткиот филм „Посакување“

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Џеси Брас во најновото филмско оставрување го опишува животот на чилеанската уметница Алонса Гуевара. Сликарката е позната по интегрирањето на овошје во нејзините портрети како и сензуалноста на светлото. Краткиот филм „Посакувaње“ го опишува процесот на творење како и инспирациите на уметницата.

Алонса Гуевара е родена 1986 во Чиле. Со семејството го поминува детството во тропските предели на Еквадор.  Во моментот работи и твори во Њујорк.