Инстаграм блокираше новинарка на „Шарли Ебдо“ поради пророкот Мухамед

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Инстаграм привремено ги блокираше профилите на две новинарки на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“ поради карикатурите на пророкот Мухамед.

Според „Еуроњуз“, новинарката на Шарли Ебдо, Лор Доси се пожалила во неделата на Твитер дека Инстаграм и го блокирал профилот откако ја сподели најновата насловна страница на тој сатиричен труд, на која се прикажани карикатури на исламскиот пророк Мухамед. „Ова е неверојатно“, порача таа на Твитер.

Нејзината колешка Коко Бур веднаш потоа сподели дека и се случило истото.

Да потсетиме, во јануари 2015 година двајца исламски терористи упаднаа во редакцијата на „Шарли Ебдо“ и убија 14 лица, меѓу кои и познати карикатуристи.

Деновиве во Париз започна судењето за помагачите на исламските терористи, а по тој повод, „Шарли Ебдо“ неодамна на својата насловна страница ги објави карикатурите на Мухамед, кои првично беа објавени во 2006 година во данскиот весник „Jylands Posten“.

Слични содржини