Инстаграм го менува изгледот, доби нов фонт и икона (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Инстаграм за прв пат по неколку години ги менува визуелните елементи на апликацијата, кои вклучуваат ново лого, фонт и реклами на цел екран.

Според компанијата, новиот дизајн се фокусира на „содржината, едноставноста и самоизразувањето“.

Новата икона е слична на старата, со мали промени во светлината и градиентот на бојата. Изгледот е „пожив“ благодарение на иновативниот процес на 3D моделирање.

Сепак, разликата е позабележителна во новиот фонт кој компанијата го нарече „Instagram Sans“.

Тим дизајнери соработуваше со експерти за јазик и лингвистика ширум светот за фонтот да функционира правилно на секој јазик и писмо.

„Instagram Sans е инспириран од старите елементи на нашиот дизајн, логоа и натписи. Новиот фонт нагласува посебен идентитет. Новиот фонт ќе биде дел од Story и Reels“, објаснуваат од компанијата.

Слични содржини