Инстаграм го уништува селото од бајките по кое е снимен „Frozen“

од Elena Daskalova
285 прегледи

Мирот во бајковитото село Халштат во Австрија постојано е нарушен поради туристите кои доаѓаат и се обидуваат да направат што поубави фотографии за на Инстаграм.

За ова село познато е тоа што има најмногу фотографии објавени на Инстаграм, со означена локација токму таму. Овој бисер на Алпите има 780 жители, а се наоѓа и на листата на природни богатства на УНЕСКО уште од 1997 година.

Првичниот бран на туристи започнал во 2006 година кога било покажано во шиу за патување во Јужна Кореја. Но, вистинскиот бум се случил кога беше снимен хитот на Дизни, „Frozen“, за кој токму ова село било инспирација.

Се смета дека секојдневно пристигнуваат и по 10.000 туристи, од кои голем дел се само на еднодневни екскурзии. Мештаните се изнервирале кога почнале туристите да им тропаат на врата и да ги молат за користење тоалет. Ова воопшто не им се допаднало на жителите, како и несовесноста мна одредени туристи кои воопшто не се грижеле за хигиената во ова прекрасно село и оставале отпад каде ќе им текне, а не во корпите за отпадоци.

„Халштат е дел од културна историја, а не е музеј. Сакаме да го намалиме бројот на туристи кои доаѓаат, но немаме стратегија како би го направиле тоа“, изјавил градоначалникот Александер Шеуц.

Од друга страна пак, на хотелите и приватните сопственици на сместувачки капацитети, воопшто не им е лошо, бидејќи хотелските соби се изнајмуваат и за по 300-400 евра за викенд, а јавните тоалети иако чинат по едно евро, дневно ги користат околу 4.000 луѓе.

Слични содржини