Инстаграм ја избриша фотографијата на Деруло, пејачот бесен и во шок (ФОТО)

од Elena Daskalova

Минатиот месец пејачот Џејсон Деруло на Инстаграм објави фотографија од себе, само со долна облека и истата привлече многу внимание, поради еден мал детаљ.

Имено, на фотографијата, која Инстаграм веќе ја отстрани од својата мрежа, јасно се гледаше дека пејачот позира со својата „машкост“, потенцирајќи го половиот орган, а во еден од коментарите го нарече и „анаконда“.

„Не разбирам, носам долна облека. Не можам да го променам тоа што ми е толкав“, напишал тој и повторно ја објавил истата фотографија.

Но, според правилата на Инстаграм, таа не е во согласност со стандардите и е отстранета поради голотија и/или сексуална активност. Пријателите се шегувале со Деруло дека се работи за полова дискриминација.

Ова не е прва разголена фотка на пејачот, па поради тоа тој е бесен што токму таа предизвикала толкав бес и кај Инстаграм и кај оние кои го пријавиле за голотија.

Слични содржини