Инстаграм соопшти дека ќе блокира хаштагови кои се употребуваат за ширење на „потврдено
неточни“ информации поврзани во вакцини.

Веќе се блокирани хаштаговите, кои сами по себе се неточни тврдења како #vaccinescauseautism
(вакцините предизвикуваат аутизам). Компанијата соопшти дека сега ќе блокира уште хаштагови,
кои таканаречените антиваксери ги употребуваат за ширење лаги. Сепак, неколку антиваксерски
теми и профили, кои шират дезинформации и лаги, остануваат активни на Инстаграм.
Претставници на платформата за Би-Би-Си изјавија дека нема да преземат акции против луѓе и
профили кои се самоопределуваат како антиваксери. Но, се стремат да ограничат ширење на
лажни тврдења, затоа што тие имаат опасни последици во реалниот свет и во општеството.