Instagram повторно стана жртва на хакери

од desk3
127 прегледи

Популарната социјална мрежа за споделување на фотографии Instagram повторно има проблеми со хакери. Компанијата објави дека хакери зеле дел од личните податоци на некои од нејзините најпопуларни корисници.

Овој пат причината е проблем во еден од софтверските пакети на Instagram, кој може да се користи од страна на програмерите и креатори на апликации. Поради него “еден или неколку” хакери успеале да земат телефонски броеви и e-mail адресите на неодреден број на корисници со хакирани профили на Instagram.

Компанијата вели дека проблемот е откриен и отстранет. Таа додава дека другите податоци на корисниците, вклучувајќи лозинки им се заштитени и не биле земени од хакери. Компанијата сепак не го прецизира бројот на профилите, чиј броеви и пораки се компромитирани. Наместо тоа, таа вели дека испраќа известувања до сите корисници со хакирани профили. Тоа значи или дека бројот на компромитирачките профили е доста голем, или дека Instagram сеуште не го знае реалниот обем на проблемот.

Компанијата коментира уште дека спроведува внатрешна истрага. Останува нејасно дали овие дејствија на хакерите имаат нешто заедничко со хакнатиот профил на Селена Гомез пред неколку дена, кога хакери го користеа за да објавуваат разголени фотографии на Џастин Бибер.

Популарните профили и познатите личности во Instagram често стануваат предмет на хакерски напади. Обично хакерите избираат конкретни профили, но во случајов изгледа дека сакале да соберат што е можно повеќе податоци. По се изгледа дека обичните профили на корисниците не биле погодени од проблемот.