Инстаграм воведува нови правила за испраќање голотии во инбокс

од Nikola Popovski
373 прегледи

Мета развива сет на нови опции за Инстаграм за да ги заштити корисниците од „несакана и несоодветна содржина“.

Портпаролката на компанијата вели дека новата технологија во развој ќе ги заштити луѓето од несакани пораки, особено оние кои содржат голотија.

Портпаролката на Мета, Лиз Фернандес, вели дека работат со експерти за сајбер безбедност на новата опција за да се обезбеди приватност на корисниците, а истовремено да им се даде поголема контрола врз пораките што ги добиваат.

Компанијата додава дека повеќе информации за новата опција и како таа функционира ќе објави во следните неколку недели.

Опцијата се уште е во фаза на тестирање и, според најавите, треба да им даде на корисниците поголема контрола над искуството со апликацијата.

Патем, испраќањето голотии и други несакани сексуални пораки на непознати наскоро би можело да стане кривично дело во Велика Британија, доколку парламентот донесе нов закон за безбедност на интернет.

Слични содржини