Институциите да се позанимаваат – секој сигнал од САД сериозно да се земе, рече Маричиќ за ставањето на Мерко на црната листа

од Nikola Popovski
315 прегледи

Треба сериозно да го разгледаме тоа и нашите институции да се позанимаваат. Сите сигнали од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се земе во предвид, вака вицепремиерот за економски прашања, Бојан Маричиќ ја коментираше одлуката на Стејт департментот за ставање на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД.

Сепак Маричиќ нагласува дека околу политичките и институционалните чекори, треба да се огласат ДУИ и надлежните институции.

-Вака принципиелно треба да го земеме сериозно секој сигнал од нашиот стратешки партнер, додаде вицепремиерот.

Од ДУИ и Мерко се уште молк после објавата на Вашингтон. Премиерот Димитар Ковачевски смета дека ставањето на струшкиот градоначалник на црната листа на САД е потврда дека на правосудството му е потребен генерален ремонт. Тој порача истражните и правосудните органи да ги испитаат наводите од Стејт департментот за Мерко.

Партиите од опозицијата го повикаа Мерко да си поднесе оставка. За ВМРО ДПМНЕ одлуката на САД велат дека е во прилог на нивните сомнежите дека ДУИ се меша во судството. Алтернатива и Алијанса за Албанците исто така бараат оставка и институционална истрага.

Американската амбасадорка Анџела Агелер истакна дека „народот на Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“. Таа исто така најави дека ќе има нови имиња на листата, но не даде конкретен временски рок кога тоа би се случило.

Слични содржини