Институтот за истражување на геноцид од Канада (ИГК) реагираше на, како што велат, дипломатскиот скандал во С.Македонија, откако лидерот на босанските Срби, Милорад Додик ја посети земјава под знамето на ентитетот, а не на државата Босна и Херцеговина. ИГК смета дека Македонија треба да им се извини на граѓаните на БиХ.
Од Институтот со седиште во Онтарио истакнуваат дека заменик-претседателот на Владата, Иван Стоилковиќ го примил претседателот на Република Српска, Милорад Додик, а на масата на средбата биле знамињата на РС и Македонија, без знамето на БиХ. Сметаат дека ова е „отворено непочитување на федерацијата“.
-Веењето на знамето на еден ентитет, без државното знаме, е поддршка за антибосанската, сепаратистичка политика на Додик. Постојаното негирање на БиХ од страна на Додик јасно покажува дека тој не и служи на државата, туку е антицивилизациски потфат олицетворен во грандиозната националистичка српска антибосанска кампања против босанската држава. Неговиот неморален, нехуман и нехуман однос кон Босна и Херцеговина јасно говори за карактерот на неговата личност и политичка опција“, наведува ИГК.
Институтот ги повика македонските власти да им се извинат на граѓаните на БиХ и да ја почитуваат државата во иднина со почитување на нејзините државни симболи.
„На антицивилизациското однесување кон државата Босна и Херцеговина треба да се одговори на решителен и соодветен начин. Не може немо да се набљудуваат континуираните навреди и понижувања на државата Босна и Херцеговина, нејзините органи и граѓани, на кои тие се изложени подолго време“, стои во нивната реакција.