Институт пресмета зошто Меркел ja отвори Германија за бегалци

од Vladimir Zorba
91 прегледи


Германија има потреба од повеќе имигранти отколку што влегуваа последните децении, за да се справи со потребата од работна сила на пазарот на трудот. Според пресметките на германскиот Институт за истражување на пазарот и труд, ако бројот на новодојдените се ограничи до 200 000, тоа ќе ја намали бројката на луѓето кои се на работоспособна возраст од 45 на 37 милиони до 2050 година.
Во случај дека границите на Германија бидат затворени целосно, недостатокот од работна сила ќе се одрази трагично на пазарот на трудот, така што до 2050 година од 45 милиони вработените ќе се намалат на 30 милиони, посочуваат уште пресметките на Институтот за истражување на пазарот и труд, цитирани од списанието “Шпигел”.

Проблемот со наоѓање на работна рака ќе се зголеми уште во средината на 20-те години. Економскиот пораст ќе секне, а даночните приходи нема да бидат доволни. Предлогот од баварскиот ЦСУ за квота на миграцијата до 200.000 луѓе годишно исто така не ги задоволува потребите на пазарот, станува јасно од анализата. За да се резерви сегашниот стапка на развој на Германија, годишно во земјата треба да влегуваат и остануваат 500 000 лица, смета институтот. За пример е земена година за овој развој е 2014, кога во Германија пристигнале 1,5 милиони мигранти, а напуштиле 950.000 луѓе.

Предизвикот пред Германија сепак не е бројот на оние кои сакаат да влезат, а регионот од кој доаѓаат. Досега во земјата пристигале луѓе од европскиот регион – Полска, Романија, Бугарија. Бидејќи тие земји исто така се соочуваат со демографски проблем, идните мигранти можат да дојдат само од земји, оддалечени културно од Германија.