Институт за демократија: 50 проценти од граѓаните би се вакцинирале, најнепосакувана е АстраЗенека

од Nikola Popovski
233 прегледи

Институт за демократија спроведе анкета според која само половина од граѓаните би се вакцинирале.

Најголем дел од граѓаните, според анкетата, ја преферираат вакцината на „Фајзер“, дури 39%. На второ место со 21% е руската Спутник, додека пак со кинеската Синофарм од која Македонија очекува најмногу дози би се вакцинирале само 6% од македонските граѓани. Вакцината на Модерна ја преферираат 5% од испитаниците, додека со „Астра зенека“ би се вакцинирале само три проценти од граѓаните.

На прашањето „Дали Владата прави доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието“, со „да“ одговориле 39 отсто, „не“ кажале 53 проценти, а „не знам“ осум проценти.

Во денешното соопштение на Институтот за демократија не е наведено на колкав број анкетирани е извршено истражувањето на јавното мислење. Додаваат дека извештајот од анализата на јавното мислење за изминатата година ќе биде достапен за јавноста следната недела.

Анкетата е спроведена теренски во периодот од 17 февруари до 10 март годинава, на репрезентативен промерок од 1050 испитаници.

Слични содржини