Институт за историја: „Идејните творци на концептот“ се без елементарно познавање на науката

310 прегледи

Вчера институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје, комплетно ја отфрлија концепцијата за основно образование предложена од МОН и Владата за повлекување на предметот историја.

Тие велат дека истиот концепт е донесен на нетранспаренте начин, без никаква консултација со научната и професионална јавност. Од институтот оценуваат дека скандалозно е да се влечат вакви потези без било какво претходно информирање.

Институтот обвинува дека „идејните творци“ на онцептот немаат компетенции за реформирање на начинот на кој една научна дисциплина се доближува на учениците, исто како и тоа дека покажуваат елементарно непознавање на материјата која сакаат да ја менуваат.

Министерката за образование и наука Мила Царовска пред два дена на прес- конференција го најави новиот концепт на основно образование, кој ќе вклучи спојување на повеќе предмети во еден, како што се историја и географија, или биологија и хемија, е со цел децата да учат помалку факти, а повеќе да размислуваат и да поврзуваат.

Ваквата одлука и предлог засега предизвикаа негативни реакции во јавноста.

Слични содржини