Институт за војна: Болницата на Крим нема доволно крв за ранетите руски војници

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Институтот за проучување на војната (ISW), во својот нов извештај, соопшти дека руските сили се чини дека немаат добро уредена инфраструктура за поддршка на нивните трупи на Крим.

Руските воени блогери известуваат дека 1472-та поморска болница во Севастопол има проблеми со недостаток на крв за ранетите руски војници, наведе ISW.

Блогерите тврдат дека персоналот на болницата ја известил руската воена команда за недостиг од залихи за собирање крв, но не добил поддршка за решавање на проблемот.

Наводно се работи за материјали поврзани со трансфузија кои не биле споменати во буџетот за 2022. Блогерите имплицираат дека се работи за корупција.

Слични содржини