Институтот за Белодробни заболувања и Клиниката за Ревматологија добија нови директори

од Берта Китинска
363 прегледи

Институтот за Белодробни заболувања и Клиниката за Ревматологија добија нови директори.

Д-р Суад Зејнел од Клиниката за Пулмологија ќе биде нов директор на Институтот за Белодробни заболувања и ТБЦ, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за Ревматологија.

Д-р Зејнел и Д-р Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев кои досега раководеа со овие клиники.

Се очекува до крајот на неделата да бидат именувани нови директори и во Центарот за Јавно здравје, ЈЗУ Клиниката за Кардиологја, ЈЗУ Клиниката за токсикологија, ЈЗУ Клиниката за детски болести како Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Слични содржини