300
Институтот за физикална медицина и рехабилитација подготви оддел наменет за пациенти за пост-ковид рехабилитација.
-Оние пациенти кои со денови, некои и недели биле хоспитализирани, се соочуваат со потешкотии и во дишењето и во движењето. На овој начин, потешкотиите полесно и побрзо се надминуваат со стручна помош, респираторни и физикални вежби за враќање на пациентите кон нормалните животни активности. Рехабилитацијата е важен сегмен од секој напреден здравствен систем. Правиме сѐ во грижата за нашите пациенти!, вели министерот за здрвство Венко Филипче.