Институтот за јавно здравје ќе управува со радиоактивниот отпад во земјава

од Nikola Popovski
243 прегледи

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.

Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.

Во предлог-законот се предвидува како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад да се утврди Институтот за јавно здравје како најстручна и најсоодветна институција во оваа област.

Слични содржини