Од институтот за педагогија, денес информираа дека со мнозинство гласови е донесе заклучокот дека не може да се прифати понудената опција за воведување на нова концепција во основното образование.
„Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието“, велат од Институтот за педагогија.
Како што се наведува, поради ваквите причини, Институтот во известувањето, треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.
„Проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска, кои се дел од работната група за подготвување на нацрт-концепцијата за основното образование, даваат безрезервна поддршка да продолжат реформите затоа што сметаат дека ќе се одвиваат етапно, додека проф. д-р Алма Тасевска беше воздржана“, се вели во дописот од Институтот за педагогија и неговата раководителка Јасмина Делчева-Диздаревиќ.