Рускиот диктатор Владимир Путин направи неколку значајни симболични гестови за време на неговата вчерашна средба со Александар Лукашенко, соопшти Институтот за проучување на војната во својот најнов извештај.
Путин го однесе Лукашенко да го посети Кронштат во Санкт Петербург – историски значајната тврдина каде што руските војници и морнари воделе неуспешен антиболшевички бунт на почетокот на 1921 година, кој на крајот бил потиснат од советската влада.
NEW: #Putin revealed his continuing concern over the potential threats that the #Wagner Group & Yevgeny #Prigozhin may pose to him through symbolism and posturing during a meeting with Belarusian President Alexander #Lukashenko in St. Petersburg, #Russia. https://t.co/jWahtGG1dM pic.twitter.com/neZLAPVkpN
— ISW (@TheStudyofWar) July 24, 2023
Состанокот, според институтот, сугерирал дека Путин „се обиде да проектира моќ и доверба во сопствената надмоќ“ над фракцијата поврзана со Евгениј Пригожин и со седиште во Санкт Петербург. Путин и Лукашенко го посетија Кронштад со гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов и помладата ќерка на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Ксенија.
„И Беглов и Шојгу се лични непријатели на Пригожин, а јавната средба на Путин со Беглов, ќерката на Шојгу и Лукашенко на историската основа на неуспешното востание во Кронштат, речиси сигурно имаше за цел да ја сигнализира превласта на Путин и неговите лојални кадри по вооружениот бунт на Пригожин“, велат од ISW.
Аналитичарите забележаа дека Путин, исто така, се трудел да се фотографира со голем број локални руски граѓани, вклучително и деца, додека бил во Кронштат, „веројатно за да се претстави како популарен и сакан лидер меѓу рускиот народ“.
„Овие симболични гестови покажуваат дека Путин е загрижен за својата популарност, безбедноста на неговиот режим и низата фракции кои се борат за власт во горните ешалони на руската администрација“, заклучува ISW.