Во новата анализа на војната во Украина, Институтот за проучување на војната (ISW) пишува дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со напорите да ја префрли вината за неодамнешните руски воени неуспеси во Харков на некој друг.
Руската новинска агенција РБК вчера објави дека рускиот претседател Владимир Путин го заменил генерал-полковникот Александар Журављев со генерал-полковник Роман Бердников како командант на Западниот воен округ, чии единици дејствуваат главно во североисточниот регион Харков.
Журављев не беше виден извесно време, а Путин за две недели смени двајца команданти на единиците на Западниот воен округ, пишува ISW.
Ставањето нова личност на функцијата може да биде обид на Путин да го пренасочи зголемениот гнев поради руските загуби во регионот Харков, како и обид да се оттргнат критиките на генерал-полковник Александар Лапин, командант на Централниот воен округ, поради неодамнешните руски неуспеси околу Лиман.
ISW понатаму пишува дека Путин може да се обиде да ја префрли вината за идните руски загуби во регионите Харков и Луганск на Бердников.
Критиките на Лапин во последниве денови послужија како катализатор за поширок распад во рускиот националистички информативен простор, а назначувањето на Бердников може да има за цел да го одвлече вниманието и да го пренасочи тоа растечко незадоволство, пишува IWS.