Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека за антикризните мерки, се чека да биде усвоен ребалансот на Буџетот.
-Институциите се подготвени да се соочат со кризата. Секој ден добивам писма од стопанските комори и од различни здруженија. Сите што се заинтересирани да дадат придонес, тоа може да го направат јавно, а секако дека ние сме секогаш подготвени за состаноци и за разговори во детали, изјави министерот.
Вчера, дополни, имаше и изјава од страна на претседател на опозициска партија.
-Тој кажа дека сакале да се вклучат и да придонесат во делот на справување со кризата со што индиректно признава дека намерно претходните мерки биле блокирани. Тие имаа можност да бидат вклучени и тогаш, а сега за политички интерес даваат таков предлог. Не, институциите се подготвени да се соочуваат со секаква криза, за храна, за струја или за топлинска енергија, нагласи Бектеши.