Интегра бара ДИК да ги провери неважечките ливчиња

од Берта Китинска
228 прегледи

Македонска конзервативна партија – ИНТЕГРА бара да се направи увид во неважечките гласачки ливчиња од вчерашните предвремени парламентарни избори зашто, како што рече на прес-конференција претседателот на партијата Љупчо Ристевски, „постојат сомнежи дека во тој дел е вршен изборен инженеринг по моделот на осумтемина велепрадавници за уставните амандмански промени што има за цел да ги неутрализира гласовите дадени за промакедонските партии“.

Ристовски побара државните органи да ги расчистат сериозните сомневања во јавноста и да понудат материјални докази за кредибилноста на изборниот процес.

-Не смее да се доведе под прашање највисокото демократско право на глас и со тоа да се компромитира целиот изборен процес. ДИК до одвој момент сеуште нема никави официјални податоци за изборните резултати, а имаме информација лично дадена од преседателот на ДИК дека имале хакерски напад. Како знаат дека досега објавените податоци во јавноста не се објавени од хакерите и како нас ќе не убедат дека податоците кои струјат во јавноста се исправни и веродстојни и се податоци на ДИК, праша Ристовски на денешната прес-конференција.

Лидерот на ИНТЕГРА посочи дека тоа создава сериозно основано сомневање за кредибилноста на изборниот процес во делот на резултатите и е доволен аргумент дури и да се поништат изборите или да се стават резултатите на стенд бај се додека, потенцира, независна наднационална комисија со меѓународно учество на правни експерти не утврди со аргументи и материјални докази дека се било во ред.

Според него, ниската излезност од 51 процент го задржуваат Заев и Социјалдемократскиот сојуз на власт. Тоа, како што нагласи, е со цел да се доврши „бугарското велепредавство“ и да продолжи „коленичењето пред Ахмети и ДУИ“ и како држава во пакет да добиеме „албански и бугарски јазик за нашите основци“.

-Остануваме на нашите отворени сомневања дека ДПНЕ продолжува да го игра тангото со ѓаволот на сметка на македонските национални и стратегиски интереси, под команда на Будимпешта или не, сега е веќе сеедно. Опозициската парламентарна ДПНЕ остана доследна на нашите сомневања дека на овие избори ќе одработуваат за да остане Заев и Социјалдемократскиот сојуз на власт по моделот на ниска излезност. Во континуитет предупредувавме дека со постојаното одложување на датумот до периодот на годишни одмори, како и со континуираната кампања летувајте во Македонија тие хируршки прецизно си ја завршија својата зададена задача да се анестетизира и неутрализира поривот на Македонците за промени, на тие 20 или 30 проценти на неопределени или луѓе кои се уште не знаеа за кого да гласаат, а сепак беа против СДС и ДПНЕ, рече Ристовски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека дијспората не препознала доволни авторитети во нив како дел од патриотскиот блок промакедонски партии со што, како што рече, се изгубиле два значајни лоста кои имале за цел да ја спречат евентуалната кражба или манипулација со гласови на промакедонските партии и да ја ослободат енергеијата и слободарскиот дух кај македонскиот народ. Недоволен, како што рече, бил и медиумскиот проток од еден процент за да се пробијат нивните идеи до гласачите.Порача дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може да изврши сериозен притисок за да се поништат изборите и да се оди на нови повторени предвремни парламентарни избори.

Слични содржини