ИНТЕГРА во трката за претседател ќе го поддржи Стевчо Јакимовски

од Stefanija Kuzmanovska
629 прегледи

Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА во трката за претседател ќе го поддржи Стевчо Јакимовски, актуелен градоначалник на Општина Карпош.

„Во актуелниот политички моментум ИНТЕГРА цени дека е политички опортуно да се поддржи оној кандидат за претседател кој што има изразено антисорос, антиглобалистички и промакедонски ставови.

Цениме дека кандидатот Стевчо Јакимовски е одлична прилика за македонскиот народ и држава, цениме дека тој има сериозен потенцијал за државник кој нема да ведне глава и да вие кичма пред амбасадори и пред разни мисионери.

Затоа ИНТЕГРА и јас лично го повикуваме гордиот дел на македонскиот народ, сите оние кои имаат љубов за народот и татковината и на кои што им гори душата од злоделото кое им е сторено со наметнувањето на северната будалаштина.

Ги повикувам сите оние кои сакаат промена на политичката сцена во Македонија да застанат зад кандидатурата на Стевчо Јакимовски“, порача Љупчо Ристовски, претседател на партијата ИНТЕГРА.

Слични содржини