ИНТЕГРАЛНО: Отчетно обраќање на Никола Груевски

од Vladimir Zorba
161 прегледи

 

Пред Вас се наоѓа капитално дело кое е компилација од нашиот труд во изминатите години, а се темели на дадената доверба од Вас – од граѓаните, од народот од подржувачите на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.615

Во овој Отчет се опфатени проекти од 2014-2016 година, но и некои поголеми и значајни проекти коишто започнале или се реализирале и во периодот до 2014 година.

Тешко е на неколку стотини страници да се каже и да се покаже што сѐ е направено. Но едно е важно, а тоа е фактот дека најголем дел од тоа што е ветено е остварено или почнало да се остварува; има и многу работи што не се ветени, а се остварени по барање на граѓаните во текот на мандатот. Ете тоа нѐ прави поразлични од другите. Вредноста во политиката не треба да биде она што ќе го кажат политичарите, туку тоа што ќе го направат тие за народот за граѓаните, за државата. Делата треба да зборуваат за нас, а не нашите зборови.

Дадениот збор, за нас во ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, претставува завет пред нашите граѓани, а токму делата го сведочат тоа. Бројните реализирани проекти им помагаат на луѓето и со тоа го прават нивниот живот поразличен од што бил, подобар од колку што бил, поквалитетен во повеќе сегменти.

Ние, во изминатиот период покажавме како изгледа да се гради, како изгледа да се грижиш за своите граѓани, да помагаш, да решаваш проблеми, да правиш реформи. Нашата посветеност, реализацијата на нашата Програма и начинот на водење на политиката вроди со плод. Денес луѓето лесно можат да направат споредба како било некогаш, а како е денес. Нашата работа донесе нови работни места чиј број на нови работни места достигна рекордни 150.000 новоотворени работни места, од 560 000 вработени на над 710 000 вработени во Македонија. Платите на просветните работници се во постојан раст при што најниската плата од 2006 година до денес е зголемена за 119%, а највисоката за 67%, додека за пензионерите просечната пензија е зголемена за над 70%, а најниската за повеќе од 90%. Користите од нашата политика ги почувствуваа и земјоделците преку обезбедената земјоделска поддршка во износ од 1 милијарда и 55 милиони евра. Покажавме како треба да се унапредува здравството со изградба на болници, на клиники, набавка на огромни количини на медицинска опрема во износ од над 100 милиони евра, но и со едукација на докторите во странство за да ги научат и применуваат во Македонија најновите методи за дијагностика и најановите методи за лечење на различни болести. Грижата за иднината на нашата држава најтемелно се гледа во образованието, преку шансата за запишување на универзитет, преку двата новоотворени државни универзитети, преку зголемените стипендии и намалените партиципации, преку можноста за студирање во странство при што трошокот да го покрие Буџетот и многу други поволности. Граѓаните добро знаат што значи да се обновува инфраструктурата, градиме 3 нови автопати, изградивме над 510 км регионална и околу 750 км локална патна мрежа. Овие и уште над 3500 други проекти, мерки и реформи се реализираа во неколку последователни години. Овие и бројни други проекти за кои ќе можете да прочитате на страниците во овој Отчетот – се нашите дела, нашите реформи, нашите чекори за посилна и помоќна Република Македонија. Ова е разликата.

Делата нас нѐ прават поразлични од другите политичари, кои само ветуваат брда и долини и никогаш не испорачуваат резултати. Резултатите преточени во дела, нас нѐ разликуваат од останатите. Она што ние го ветуваме е реално и остварливо, Отчетот е доказ за тоа.

Она што нашите политички опоненти го говорат се најчесто празни зборови и многу често нереални ветувања, затоа и не може да им се верува. Нашиот народ е мудар и добро знае зошто гласа за нас и што е разликата помеѓу нас и нив. Трудот, посветеноста, работата, држењето до дадениот збор нас нѐ разликуваат од нашите политички противници, особено во едни многу сложени околности какви што имавме, кога правеа сѐ, за да нѐ дефокусираат, да не оцрнат, да не оддалечат од она за што сме избрани од Вас граѓаните на фер, демократски и легитимни избори во Македонија. Ние не застанавме, продолживме да работиме на создавање и креирање на реформи, на дела, на мерки и разни проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани во Република Македонија.

Затоа, знаејќи дека успеавме да го направиме ова во еден исклучително бурен политички период, цврсто сме убедени дека по убедливата победа на следните парламентарни избори, ќе продолжиме да работиме посветено на создавање на реформи, на проекти, на мерки и на дела што ќе го подобрат животот на сите во нашата држава  Ова е разликата!  Вака се сака Македонија!

…………………

интегрален текст од отчетнто обраќање на лидерот  на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски пред своите миниистри и сопартијци