Intel има намера значително да ја заостри конкуренцијата со AMD на пазарот на компјутери со
премиерата на новиот процесор од висока класа, кој има 10 јадра и 20 „треда“. Инженерите на
компанијата веќе работат над овој чип, кој е со кодно име Comet Lake и се очекува да биде
произведен со напредна 14-nm технологија. Се уште е рано да се коментираат конкретни технички
спецификации. Секако, сепак, многу корисници би сакале да купат процесор со 10 јадра на Intel.

Премиерата на процесорот ќе го промени балансот на моќта во индустријата, откако за прв пат по
години, Intel ќе претстави архитектура со поголем број на јадра од AMD. Новиот чип ќе биде
легитимен одговор на претстојните процесори на AMD – Zen 2 од втората генерација, кои се
произведуваат со 7 нанометри процес на производство. Се очекува дека премиерата ќе се одржи
во јануари на CES 2019, информира „TechRadar“. Потоа веројатно ќе разбереме повеќе за
процесорот на Intel со 10 јадра.
Компанијата, исто така, ќе има силно присуство на CES 2019 кога ќе ја видиме премиерата на
новите чипови од деветтата генерација. Во секој случај, очекуваме многу интересни настани на
компјутерскиот пазар од првите денови од следната година. Новата жестока конкуренција ќе ни
овозможи различни избори за побрзи и помоќни уреди кои се продаваат по поприфатлива цена.
Како заклучок, ќе забележиме дека настанот во Лас Вегас ќе се одржи од 8-ми до 11-ти јануари во
Лас Вегас