Intel Neural Compute Stick 2 – мини компјутер со вештачка интелигенција кој чини 100 долари

од Vlatko K
153 прегледи

Intel ги изненадија присутните на AI Developers конференцијата со програмерите, која се одржа во
Кина. Компанијата претстави некои интересни детали за својата стратегија и првпат го претстави
новиот Intel Neural Compute Stick 2 (NCS2). Тоа е миникомпјутер со големина на USB стик, кој ви
овозможува да го следите сообраќајот помеѓу две различни мрежи. На овој начин, уредот ви
овозможува да управувате со рутери, свичери и други уреди со платформата Интернет на нештата.

Компанијата го дефинира овој производ како преносна невронска мрежа која можете лесно да ја
носите со себе каде и да сте. Intel се надева дека NCS2 ќе ги постави темелите за целосно нова
категорија на производи што ќе го привлече вниманието на програмерите и професионалците.
Компактниот уред е опремен со Myriad X Vision Processing Unit (VPU) единица, која се грижи за
оптимална продуктивност на Intel Neural Compute Stick 2 (NCS2), пријави „Engadget“.

Главната цел на Intel NCS2 е да овозможи создавање на алгоритми за вештачка интелигенција
локално, дури и без интернет врска. Корисниците треба да користат верзија за ОС на Linux и да
имаат USB 3.0 порта. Компанијата тврди дека новата верзија на уредот обезбедува осум пати
побрзи перформанси во споредба со претходната верзија. Оние кои сакаат да го добијат Intel NCS2
сега може да го сторат тоа од веб-страницата на Intel