Intel Project Athena ветува дека лаптопите ќе издржуваат 9 часа ефективна работа со едно полнење на батеријата

од Vlatko K
85 прегледи

Intel ги претстави првите детали на Project Athena на почетокот на годината на CES 2019. Главната
цел на проектот е да го максимизира животот на батеријата за лаптоп, кој го користиме
секојдневно. Компанијата исто така додаде дека Project Athena ќе гарантира девет часа активна
работа пред повторно полнење. Идејата на Intel е да им понуди на потрошувачите вистински, а не
фиктивен животен век на лаптопите.


Многу репер алатки проценуваат дека постојат уреди кои издржуваат 20 часа или повеќе со едно
полнење. Во овој случај, сепак, тие не ги земаат во предвид факторите како што се запирање на WiFi, намалување на осветленоста на екранот итн. Токму овој проблем сака да го отстрани Project
Athena. Инженерите на компанијата ветуваат девет часа во реално време, без разлика дали
стримувате видео, додека прелистувате интернет или работите со повеќе отворени апликации и
канцелариски документи, известува „Engadget“.

Идните уреди кои ќе ги задоволат барањата на Project Athena ќе бидат подложени на многу
поефикасни тестови на батеријата. Intel ќе користи понапредни индикатори за да осигура дека
лаптопите ќе обезбедат повеќе време при поактивна работа со апликации во позадина и со
поголема осветленост и резолуција на екранот. Компанијата исто така очекува потрошувачите да
можат да ги полнат своите уреди за 30 минути и да добијат дополнителни четири часа работа. Има
разговори со производителите