Intel развива процесор со 8 милиони дигитални неврони, кои го имитираат човечкиот мозок

од Vlatko K
129 прегледи

Сложената структура на човечкиот мозок веќе инспирираше голем број научни проекти.
Најинтересните се поврзани со развојот на процесор кој ја имитира неговата работа. Ова е
исклучително сложена задача, бидејќи мозокот има сопствена мрежа од преку 86 милијарди
поврзани клетки познати како неврони. Intel е една од компаниите кои имаат најголем интерес за
идејата и веќе е подготвена со работен прототип на процесор опремен со 8 милиони дигитални
неврони.


Системот е именуван по компанијата „Pohoiki Beach“ и вклучува 64 Loihi чипови произведени од
Intel Labs. Проектот е отворен за професионалци кои веруваат дека можат да придонесат за
подобрување на способностите на процесорот и технологијата врз која се темели. На прв поглед, 8
милиони дигитални неврони може да звучат како импресивна цифра, но Intel планира да го зголеми
нивниот број на повеќе од 100 милиони до крајот на оваа година, објави CNet.