Интер ги прекина преговорите со Дибала

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Интер ги прекина преговорите со Пауло Дибала за негов бесплатен трансфер во клубот. Ова го соопшти стручњакот за трансфери Џанлука Ди Марцио, иако до пред некој ден се сметаше за сигурно дека поранешниот напаѓач на Јувентус ќе го носи дресот на „нероазурите“.

„Во оваа фаза Интер ги прекина преговорите и не знам дали воопшто ќе ги продолжат. И Милан размислува за ова, но се уште нема преземено никакви конкретни чекори. Според мене, Дибала не знае ни каде ќе оди, ниту неговите блиски. Посредникот Де Веки беше во Милано, но не на средба со Интер или Милан. Тој го истражува меѓународниот пазар за да види кои клубови се подготвени да се обидат и да го зголемат интересот. Во секој случај, Дибала ќе мора да прифати помала плата од онаа што ја сака, за да оди во Милан. Интерес за него има од Севиља, но му нудат само 3 милиони евра годишно. Ниту еден од врвните клубови во странство не го сака“, прокоментира Ди Марцио.

Слични содржини