Интер го казнува Видал за исклучувањето против Реал

од Vladimir Zorba

Интер е подготвен да го казни Артур Видал за црвениот картон што го доби на натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Како што објави „Газета дело Спорт“, Интер најстрого ќе го казни Видал затоа што ги остави соиграчите во тешка ситуација за време на натпреварот во Милано.

За време на дуелот со противничките играчи, Видал падна во шеснаесетникот, судијата не досуди пенал, па поради протестот доби жолт картон.

Чилеанецот не сакаше да се предаде и после тоа, па судијата Ентони Тејлор му го покажа вториот жолт картон, а во 33. минута мораше да оди на туширање при резултат 0:1.

Реал победи со 2-0, а Интер е последен на табелата во групата Б со два бода по четири кола во Лигата на шампионите.

Слични содржини