Интер го откупи договорот на Санчез од Јунајтед

од Vladimir Zorba

Чилеанецот Алексис Санчез и официјално ќе стане играч на Интер, кој реши да го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед.

Санчез играше на позајмица за екипата од Милано оваа сезона, остави добар впечаток и Антонио Конте реши да го задржи.

Според информациите, Санчез веќе се договорил со Интер за договорот и сè што останува е да се решат некои детали меѓу двата клуба.

Санчез оваа сезона одигра 29 натпревари за Интер и постигна четири гола со десет асистенции.

Чилеанецот наполни 32 години на крајот на 2020 година.

Слични содржини