Една од најшокантните фудбалски приказни во историјата на оваа игра не го доби најсреќниот, но доби крај кој им одговара на двете страни.
Интер и Кристијан Ериксен меѓусебно ќе го раскинат договорот, пренесуваат италијанските медиуми.
Данскиот фудбалер летово за време на Европското првенство доживеа срцев удар на теренот, а речиси сите гледачи, фудбалери, но и оние покрај малите екрани беа исплашени за неговиот живот. Со брзата реакција на соиграчите, но и на докторскиот тим, тој беше реанимиран, а набрзо беше опериран за да продолжи со својот нормален живот.
Но, му вградија апарат за регулирање на отчукувањата на срцето, што не е дозволено во италијанската Серија „А“, па прашање на време беше кога ќе го напушти Интер и ќе се пензионира, па дури и во друг клуб. Деновиве барем еден дел од таа „судбина“ ќе биде исполнета, откако „Газета“ пренесе дека фудбалерот и Интер се на чекор до договорено раскинување на соработката.
По оваа одлука останува прашањето дали Ериксен ќе се пензионира или ќе реши да потпише за некој клуб и на тој начин да се обиде да ја ревитализира својата кариера.