Интер го стави на пауза трансферот на Дибала, Милан ја следи ситуацијата

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Интер го стави во мирување финализирањето на трансферот на Пауло Дибала, пренесуваат италијанските медиуми.

Напорите на „нероазурите“ во моментов се насочени кон да го комплетираат привлекувањето на Ромелу Лукаку до крајот на месецот. Потоа ќе се обидат да договорат Дибала да пристигне како слободен играч.

За да се случи ова, тимот прво ќе треба да се ослободи од двајца напаѓачи. Едниот сигурно ќе биде Алексис Санчез, а другиот ќе биде некој од Хоакин Кореја и Един Џеко, за кој поверојатно е Бошњакот, иако засега нема конкретни понуди за него. Преговорите меѓу клубот и Аргентинецот ќе продолжат со нова средба оваа недела.

Во меѓувреме, локалниот печат го спомна интересот на Милан за Дибала, но разговорите со неговите агенти се уште не се започнати. „Росонерите“ би се обиделе да го привлечат само доколку значително ги намали своите побарувања на годишна плата од најмалку 7 милиони евра.

Слични содржини