Интер и Лацио покажуваат сериозен интерес за Дрис Мертенс, кој го напушти Наполи, пренесува печатот во Италија. 35-годишниот напаѓач веќе навести дека засега планира да игра само уште една сезона пред да ги „закачи“ копачките, но сепак ја одбил понудата да остане во Неапол за плата од 2,4 милиони евра понудена од клубот во кој го помина поголемиот дел од неговата кариера.
Лацио сака да го ангажира Мертенс, каде што повторно ќе се обедини со Маурицио Сари, со кого успешно соработуваа во Наполи пред неколку години.
Во Интер повеќе ќе има статус на резерва, но ќе се здружи со соиграчот од репрезентацијата Ромелу Лукаку.
Сепак, за да можат да спроведат таква зделка, „нероазурите“ прво ќе треба да се разделат со Алексис Санчез, но досега двете страни не успеаја да постигнат разбирање за меѓусебна разделба.