Интер му нуди 65 милиони евра по сезона на Меси

од Aleksandar Petrovski

Италијанскиот гигант Интер по секоја цена сака да предизвика тектонски шок во светот на фудбалот, ангажирајќи го најдобриот играч на денешницата, Лионел Меси.

Според „Газета дело Спорт“, нероазурите внимателно ја следат ситуацијата во Каталонија и ќе ја искористат секоја можност да го убедат магичниот Аргентинец да им се придружи.

Секако, решавачкиот фактор за доведување на Меси, чиј договор со Барселона истекува следната сезона, се парите. Интер е подготвен да издвои неверојатни 261 милиони евра за четиригодишен договор.

Кога споменатата бројка е поделена со бројот на сезони, едноставна пресметка води до импресивна сума од 65,2 милиони евра годишно.

Приказната дека навистина може да има трансфер од Шпанија во Серија А следната година е дополнително поттикната од фактот дека Меси повторно би водел војна на теренот со својот најголем ривал Кристијано Роналдо, кој игра втора сезона во дресот на Јувентус.

Слични содржини