Интер му нуди нов договор на Алексис Санчез

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Раководството на Интер е задоволно од последните настапи на чилеанскиот ветеран Алексис Санчез и размислува да му понуди нов договор, пишува италијанското издание Calciomercato.com.

35-годишниот Санчез почна да се етаблира како важен дел од тимот на главниот тренер Симоне Инзаги, откако забележа помала минутажа во првиот дел од сезоната.

Актуелниот договор на чилеанскиот напаѓач истекува на крајот на јуни, но со добрите игри во следните три месеци тој би можел да заработи и продолжување. Конечната одлука допрва треба да ја донесат газдите на Интер.

Гигантот од Милано е лидер во привремениот поредок во италијанската Серија А со 72 бода по 27 кола, додека второпласираниот Јувентус има 57.

Интер, исто така, го чека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на 13 март, со предност од еден гол од првиот натпревар.

Слични содржини