271
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе го продолжи договорот со клубот, иако не успеа да го одбрани Скудетото оваа сезона, пишуваат италијанските медиуми.
46-годишниот стручњак го наследи Антонио Конте по шампионската сезона минатото лето и го освои Купот и Суперкупот на Италија минатата сезона, но во Серија „А“, „нероазурите“ завршија на второто место, губејќи од градскиот ривал Милан.
Раководството на Интер е задоволно од работата на Инзаги и сака да го обнови договорот до 2024 година со зголемување на платата од 4 милиони на 5,5 милиони евра по сезона и опција за уште една година, информира „Кориере дело спорт“.