Интер на пресвртница: Нудат осум, а Лаутаро бара 12 милиони евра

од Vladimir Zorba
691 прегледи

Интер ја освои новата титула шампион во Серија А како никој друг. Лаутаро Мартинез безмилосно ги кинеше мрежите, беше прв стрелец во лигата со 24 гола, а на 44 меча се најде 27 пати во листата на стрелците. Сепак, најголема грижа на Интер стана токму тој.

Договорот на Аргентинецот истекува во летото 2026 година и Интер мора или да потпише нов договор со него или да го продаде во следните шест до осум месеци. Имаат голема желба на „Меаца“ да ја продолжат соработката, нудат осум милиони евра, плус силни бонуси, но играчот бара минимум 12 милиони евра нето по сезона!

До таа сума би можел да дојде преку бонуси, но доколку ја освои Лигата на шампионите на УЕФА, што се чини дека не е целта на одличниот напаѓач, за кој има значителен интерес од најсилните европски клубови. Лаутаро моментално заработува шест милиони евра нето по сезона и според сите сметки решил да профитира од одличната форма.

Интер не смее долго да чека, ќе мора добро да размисли што да прави, бидејќи најдобар начин ова лето е да се соберат 100 милиони евра за Аргентинецот и потоа да се бара нов напаѓач на пазарот. Ризикот е голем, Лаутаро и Тирам се одличен напаѓачки тандем, а тренерот Симоне Инзаги смета дека „сино-црните“ би можеле да се обидат повторно да тргнат по трофејот во Лигата на шампионите на УЕФА следната сезона. Веќе ги доведоа Желински и Тареми, нема многу да го сменат тимот, а нивната сила е во таа хармонија.

Слични содржини