Извршниот директор на Интер, Бепе Марота изјави дека во време на пандемија на коронавирус, приходите паднале толку многу што платите на играчите изнесуваат 70% од приходите и дека ниту еден клуб не може да преживее.
„Во време на Ковид-19 износот на приходот е неизвесен, но трошоците се постојани. Платите на играчите достигнаа 70 проценти од приходот и ниту еден клуб не може да преживее. Европскиот фудбалски модел е застарен и треба подобро да се искористат ресурсите, а проектот Суперлига беше потребно да биде решение за таквата ситуација“, рече Марота.
Проектот на Европската фудбалска суперлига пропадна за помалку од 72 часа откако УЕФА, ФИФА и националните федерации се заканија со строги санкции. Прво, шест клуба од англиската Премиер лига (Манчестер Сити, Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем) ја напуштија Суперлигата, а потоа Атлетико Мадрид, Интер и Милан, оставајќи само три клуба – Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.