Интер побара Дибала да почека пред да потпише со Рома

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Интер побара од Аргентинецот Пауло Дибала да почека уште неколку дена пред да потпише за Рома, пишува „Газета дело Спорт“.

28-годишниот поранешен играч на Јувентус беше поврзуван со трансфер во гигантот од Милано едвај недели по крајот на минатата сезона, но на крајот се одлучи за Рома.

Трансферот се уште не е официјално објавен, но аргентинскиот фудбалер беше сликан во друштво на спортскиот директор Тиаго Пинто и потврди дека ќе му се приклучи на тимот од Рим.

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота побара од Дибала да му даде уште малку време за преговори, но по разговорот со тренерот на Рома, Жозе Мурињо, напаѓачот донесе конечна одлука.

Слични содржини