295
Фудбалскиот клуб Интер е подготвен да го продаде данскиот играч за врска Кристијан Ериксен.
29-годишниот фудбалер минатото лето доживеа срцев удар на натпреварот од Европското првенство и оттогаш не игра фудбал.
Познато е дека италијанската лига е многу строга по ова прашање, а играчите со многу помали срцеви проблеми не смеат да играат.
Интер објави дека не може да го регистрира Ериксен и дека за него, доколку сака да игра, најдобро би било да ја смени државата.
Тие исто така потврдија дека се подготвени да го продадат Кристијан на странски клуб.
Ериксен е член на Интер од зимата 2020 година, а претходно седум сезони го носеше дресот на Тотенхем.