Интер повторно ставен на продажба!

од Stefanija Kuzmanovska
367 прегледи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер наскоро би можел повторно да го промени споственикот.

Имено, пандемија ја погоди кинеската компанија „Сунинг“, која е мнозински сопственик на популарните „Нерозура“.

Според извештаите од Апенините, Кинезите досега платиле само две плати за оваа сезона, а целта во текот на зимата ќе биде да продаваат играчи, додека засилувања нема да има!

„Ла Стампа“ пишува дека до крајот на сезоната Интер треба да го смени мнозинскиот сопственик, што би значело побрза продажба од очекуваната.

Преговорите на „Сунинг“ за продажба на акциите на клубот на англискиот фонд БЦ Партнерс веќе се во тек, а кинеската компонента треба да задржи 31% од акциите.

Инаку, „Сунинг“ го купи Интер во 2016 година од Ерик Тохир и вложи значителни суми во составување силен тим и доведување на тренерот Антонио Конте.

Клубот минатата сезона играше финале во Лигата на Европа, а оваа година беше последен во групата од Лигата на шампионите. Во Серија А во моментов се наоѓаат на второто место со три бода помалку од лидерот и градски ривал Милан.

Слични содржини