Интер се договори со Лукаку

од Nikola Popovski
183 прегледи

Само една година по големиот трансфер и враќање во Челзи, Белгиецот Ромелу Лукаку повторно ќе ги брани боите на Интер.

Лондонскиот клуб минатото лето за него плати 115 милиони евра на Интер, но Белгиецот не се прослави на „Стемфорд Бриџ“.

На 44 настапи постигна 15 гола и постојано истакнуваше дека сака да се врати во Интер, со кој ја освои Серија А.

Според англискиот новинар Дејвид Орнштајн, Лукаку ќе замине на позајмица во италијански клуб за осум милиони евра.

Тој следната недела ќе има лекарски прегледи, по што ќе биде претставен во таборот на „нероаѕурите“.

Потсетуваме, Интер лани ја освои италијанската титула и со тоа ја прекина деветгодишната доминација на Јувентус, но годинава не го повтори истиот успех.

По многу добра сезона, скудетото му припадна на неговиот градски ривал Милан, што значеше дека црно-сините мораа да направат конкретни потези.

 

Слични содржини