Интер со нова понуда за Ериксен

од Vladimir Zorba

Интер ја зголемија нивната понуда за Кристијан Ериксен од Тотенхем, нудејќи 11 милиони фунти и дополнителен износ во форма на бонус, тврди „Скај Италија“.

Претходниот предлог беше 8,5 милиони, но потоа Италијанците добија одговор дека треба да ги удвојат парите.

Тоа не се случило и сега, но парите се повеќе, а утре се очекува да има средба помеѓу агентот на Данецот, Мартин Скот и претседателот на Спарс, Даниел Леви, за да разговараат за ситуацијата.

Минатата недела претставникот на играчот беше во Италија, каде што одржа серија разговори. Меѓутоа, Интер се чини дека е решен да го земе Ериксен, кој од минатото лето сака да си замине.

Најверојатно „петлите“ повеќе би сакале да го продадат сега, во спротивно ќе го испуштат без пари. Интер веќе го привлече Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед, заинтересиран е за Оливие Жиру, во обид да го детронира Јувентус од врвот во Италија.

Слични содржини