ИНТЕР започна акција за доведување на Пауло Дибала, објави La Gazzetta dello Sport.
Директорот на Интер, Бепе Марота телефонски разговарал со агентот на Дибала и започнал преговори за доаѓањето на Аргентинецот во Милано.
Дибала, 28-годишниот напаѓач кој одигра 274 натпревари за Јувентус од доаѓањето во 2015 година, не се договорил со раководството на клубот од Торино за нов договор и може да си замине без обештетување на крајот на сезоната. Тој веќе може да преговара со заинтересираните клубови и да потпише преддоговор.
Интер кој е во финансиски проблеми најде пари за Дибала по заминувањето на Артуро Видал, Матиас Вецино и Кристијан Ериксен. Дибала би заработувал седум и пол милиони евра по сезона во Милан со дополнителни бонуси. Би потпишал петгодишен договор и би добил неколку милиони само за потпишување на договорот.