Интер заинтересиран за дефанзивец на Јунајтед

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Интер е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, пренесува „Газета дело Спорт“.

Англискиот клуб може да се раздели со 26-годишниот Англичанец за 15 милиони евра.

Договорот на Ван-Бисака со Манчестер Јунајтед е до летото 2025 година.

Интер размислува да го ангажира Ван-Бисака како замена за Дензел Дамфрис.

Во актуелната кампања, Ван-Бисака настапи на 21 натпревар во сите натпреварувања и имаше 3 асистенции.

Поранешниот младински репрезентативец на Англија се приклучи на Олд Трафорд од Кристал Палас во 2019 година.

Слични содржини