Интересен случај: Граѓани побарале да им се прати невакциниран попишувач

од Берта Китинска
822 прегледи

Досега граѓаните не инсистирале на вакциниран попишувач, но има интересен случај кога од Комисијата било побарано да биде пратен невакциниран попишувач, изјави за „Утрински брифинг“ портпаролката на Државниот завод за статистика, Јасмина Ѓоргиева.

-Населението со доверба ги прима поопишувачите, некои се попишуваат во двор, некои пред зграда, но имаше еден интересн случај кога беше побарано да им се прати невакциниран попишувач, по што Комисијата излезе во пресрет на барањето и прати невакциниран попишувач за да го попише домаќинството. Јас ги замолувам граѓаните да го проверат овластувањето на попишувачот пред да почнат да даваат информации за себе, а на крајот да побараат увид во тоа што е напишано во програмата. Оние кои не живеат на истата адреса од лична карта не треба да се грижат, ќе бидат попишани во домот во кој моментално живеат, бидејќи нас ни е важно да знаеме и колкава е населеноста во секоја населба и општина, објаснува Ѓоргиева.

Слични содржини